Македонија доби трета двојка – Металари и Николовски со ИХФ значка!

По Николов и Начевски, Божиновски и Начевски, Македонија ја доби и третата судиска двојка со ИХФ значка.

Исмаил Металари и Ненад Николовски успешно го положија испитот на Светското првенство во Хрватска.

Тие официјално ја добија ИХФ значката и во иднина освен на настаните во организација на ЕХФ, ќе добиваат делегирања и ИХФ настани.

Тие долго имаат ЕХФ значка и судат во сите европски купови, а годинава добија многу делегирања и во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!