Македонија во подобро издание, но со минимален пораз од Србија

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот пријателски натпревар од Србија со 20-19, откако и на полувремето имаше негатива од два гола, 13-11.

По убедливиот пораз на првиот меч, 33-25, нашите ракометарки се прикажаа во подобро издание на вториот, иако и двете селекции има изменети ростери и им беше дадена минутажа на сите.

Најдобар стрелец беше Моника Јанеска со седум гола, четири даде Ристовска, а три пати стрелаше Стојковска.

Србинките се подготвуваат за настап на Мундијалот во Шпанија, а нашата репрезентација е прва резерва.

Доколку не игра на СП, следната акција за женската селекција ќе биде во март 2022 година, кога ќе се одигра двомечот со Словенија во рамките на ЕХФ Евро Купот.