Македа го сруши Монпелје, трката за титула во Франција стана уште позамрсена! (ВИДЕО)

Трката за титулата во Франција ќе биде интересна до последното коло, откако Нант славеше со Монпелје со 29-28.

Стрелец на погодокот вреден два бода беше некогашниот вардарец Хорхе Македа, кој на триесетина секунди до крајот погоди за 29-27.

Иако Монпелје го чека четвртфиналето во Лигата на Европа и дуелот со Спортинг, пружи одлична партија кај Нант.

Сега Нант има 39 бода и влегува во рамноправна трка за титулата во Франција, додека Монпелје и ПСЖ остануваат на првите две позиции со по 40 бодови.

Погледнете го голот на Македа…