Мае: Не е лесно да се води репрезентација, тоа е факт!

Репрезентативецот на Франција и ракометар на Веспрем, Кентaн Мае зборуваше за опоравувањето од повредата и неговите планови да се врти во националниот тим.

Главна цел по враќањето на активното играње ракомет ќе му биде враќање во форма и повторно да обезбеди место во репрезентациајта.

„Кога беше донесена одлука за операцијата, се договоривме со лекарите да се потрпудат да се вратам за Олимпијадата. Затоа, одлагањето на игрите е добро за мене, ќе имам повеќе време за рехабилитација. Не станува збор само за враќање на тренинзи и натпревари воопшто, туку треба да играм добро за да обезбедам место во репрезентацијата. За мене Европското првенство беше многу тешко да се следи, но гледав како момците се бореа, дури и кога имаа некои тактички проблеми. Имаме малку време во репрезентацијата. Јас навистина ги почитувам тренерите на националниот тим, затоа што за само неколку дена е тешко да се формира тим и да се работи добро тактички. Никогаш не е лесно да се тренира национален тим. Ова е факт, а не мислење. Треба мудро да ги третираме промените “,коментираше Мае.

Исто така Мае е важен играч во ростерот на Веспрем на кој ќе му биде неопходен во натпреварите од Лигата на шампионите, па и во завршницата од СЕХА лигата во борбата за титулата.