Магија на ТВ екраните: Данците се снајдоа и најдоа лек за корона забраната (ВИДЕО)

Строгите правила кои ги има пропишано ЕХФ за Европското првенство кои се однесуваат не само за движењето на ракометарките и членовите на стручните штабови пред и после натпреварите туку и за сите други директни и индикретни учесници се причина за големи промени во досегашното функционирање.

Тоа многу ги засегаше и телевизиите кои после секој натпревар обично имаат гости од ракометарките.

Овој пат тоа не е можно бидејќи е забранет контактот со девојките и членовите на стручните штабови на секоја од репрезентациите. Затоа откако го дознаа ова правило телевизиите кои се редовни со свои студија во салите почнаа да размислуваат како да го добијат истото што и досега, а да се придржуваат до правилата.

Тоа го изведоа така што направија две студија. Во едното се водителите и гостите, а во другото е ракометарката која треба да го искоментира одиграното. Притоа со помош на технологија таа на ТВ приемниците изгледа како да седи на истата маса со водителите.

Погледнете, делува доста интересно!