Магдебург со победа го отвори Супер Глоуб

Екипата на Магдебург без многу проблеми ја мина првата пречка на Супер Глоуб турнирот, откако триумфираше против составот на Универзитет Сиднеј, претставникот на Австралија и Океанија, со 32:20.

На полувреме бундеслигашот имаше предност од пет погодоци, 17:12. Во вториот дел, Магдебург ја покажа својата моќ и многу лесно го наоѓаше патот до мрежата на противникот.

Германскиот претставник на три минути пред крајот имаше водство од 29:19. Разликата беше максимално зголемена на плус 12 за Магдебург во завршните секунди.

Денес во вториот осминафинален натпревар на овој турнир ќе се соочат екипите на Ал Веда од Саудиска Арабија и Сан Франциско од САД.