Магдебург со лекција за Хановер и Кузмановски

Екипата на Хановер каде што настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски имаше тешко гостување кај Магдебург и беше поразен. Домашниот тим стигна до победата со убедливи 33:25.

Филип Кузмановски имаше уште еден забележителен настап за својот тим, постигна три гола од кои два беа од седум метри од два обиди. Исто така запиша и три асистенции и едно исклучување.

Магдебург уште по првиот дел речиси да ја имаше обезбедено победата. Домашните во текот на сите 30 минути ја градеа предноста и на полувреме имаа огромна позитива од 19:10. Во продолжението Хановер немаше никакви шанси да ја достигне негативата и да избегне пораз.

На зимската пауза Хановер заминува со пораз кој беше број 5 за сезонава и со пет победи и четири нерешени средби се наоѓа на 12. позиција на табелата. Следниот натпревар Кузмановски со Хановер ќе го игра на 6 февруари следната година.