Магдебург и Пињеирос заверија полуфинале во Џеда

Екипите на Магдебург и Пињеирос успеаја да дојдат до место во полуфиналето на Супер Глоуб турнирот во Џеда во Саудиска Арабија.

Освојувачот на Лигата на Европа од минатата година имаше убедлив настап. Против Ал Духаил од Катар успеа да стигне до убедлив триумф од 35:23. Победникот беше решен после 30 минути така што немаше неизвесност.

Тим Хорнке и Михаел Дамгард со по шест гола, Омар Инги Магнусон и Лукас Мертенс со по пет беа најефикасните во побендичкиот состав. Рафаел Капоте и Алаедин Берашед беа први стрелци во Ал Духаил со по четири гола.

Магдебург го чека победникот од дуелот Алборг-Ал Веда.

Претставникот на Јужна Америка, Пињеирос од Бразил има тешка средба против Ал Нор од Саудиска Арабија, а победи со 34:33.

Иако разликата на крајот е минимална и изнесува само еден гол, сепак, во финишот Пињеирос имаше убедлива предност. Во прашање беше која ќе биде само разликата бидејќи требаше да се одработи само финишот на ниво. На осум минути до крај Пињеирос имаше 33:27, па дојде до опуштање, но не беше дозволен целосен пресврт.

Валадао Гама и Силва Дос Реис стигнаа до шест погодоци со кои беа најефикасни во редовите на тимот на Пињеирос. Прв стрелец на средбата беше Петар Паниќ од Ал Нор со осум гола. Составот на Пињеирос ќе игра против победникот од дуелот меѓу Барселона и Ал Замалек во полуфиналето.

Средбата меѓу Ал Нор и Пињеирос ја судеа најдобрите судии од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.