„Луѓето се плашат дека ќе завладее глад“

Црногорската репрезентативна голманка Марта Батиновиќ која настапува во романската Валчеа не отпатува во Црна Гора и пандемијата со корона вирусот ќе ја помине во Романија.

Батиновиќ останала повеќе два дена за да биде со синот и во моментите кога се пакувала да замине дома добила повик од Црна Гора дека олимписките квалификаци се откажани. После тоа добила совети дека е најдобро да не патува и да остане таму каде што е.

„Внимаваме и следиме што се случува околу нас. Дополнително сме претпазливи заради синот, поголемиот дел од времето го поминуваме во одмарање или прошетка во природа без контакт со луѓе. Не знам дали има заразени во Валчеа, но јасно се гледа паниката. Луѓето се плашат дека ќе завладее глад. Бев во продавница пред која редот беше огромен, сигурно требаше да чекам еден час, ме пуштија преку ред а кога ги видов полиците празни и сфатив дека и ние мораме да се подготвниме. Што би правеле доколку останеме без храна за детето па и ние го наполнивме фрижидерот.

Марта Батиновиќ со нетрпение очекува да продолжи сезоната и да се врати на терените. Одлуката за олимписките квалификации да се играат без публика не и се допаднала но најновото одлагање на квалификациите го поддржува и се радува на репрезентетивните дуели пред преполната сала Морача.