Лука Митровиќ се сели во Романија

Поранешниот српски репрезентативец Лука Митровиќ, во новата сезона ќе ги брани боите на романскиот клуб Бузау.

На средниот бек му беше предвидувана блескава иднина, но кариерата на Митровиќ не се развиваше во посакуваната насока и поради повредите беше спречен да ги покаже своите квалитети.

Минатата сезона 33-годишниот Митровиќ беше дел од Бешикташ, но по само една сезона заминува од Турција и реши да се пресели во Романија.

По Динамо Панчево, Митровиќ играше за Металопластика до 2012 година, па замина во Данска каде ги бранеше боите на Алборг, Нордсјеланд и Скиве, беше дел од Елверум, пред да се врати на Балканот.

Настапуваше за словенечкиот Целје и Горење, па се врати во Металопластика, од каде замина за Сесон Рен во Франција.