Лоши вести за Црногорците – Рогановиќ пак заминува во изолација

Ракометарите на Црна Гора во важниот дуел против Македонија во рамките од второто коло од групната фаза на ЕП нема да бидат предводени од нивниот селектор, Зоран Рогановиќ. Црногорскиот стратег нема среќа бидејќи повторно беше позитивен на Ковид 19.

Рогановиќ доцна синоќа пристигна во Дебрецин откако доби негативен тест во Подгорица и по пристигнувањето беше тестиран.

Откако доби негативен резултат на брз тест, тој доби дозвола да влезе во хотелот во кој се наоѓа репрезентацијата на Црна Гора. Денес, Рогановиќ и неговите избраници имаа тренинг, но по тренингот пристигнаа лоши вести за црногорскиот табор.

Европската ракометна федерација ја известила Ракометната федерација на Црна Гора дека Рогановиќ бил позитивен на коронавирус.

Црногорците на вечерашниот натпревар против Македонија ќе бидат предводени од директорот на црногорската репрезентација, Драшко Мрваљевиќ.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија се игра денес, со почеток од 18:00 часот. Во првото коло, репрезентацијата на Црна Гора доживеа пораз од Данска со девет гола разлика, 30:21.