Лоши вести за Веспрем и Македонија: Teшка повреда за Манасков, го чека операција и пауза

Левото крило на Веспрем и на репрезентацијата на Македонија, Дејан Манасков заработи повреда за која деталните прегледи покажаа дека е премногу сериозна.

Манасков се повреди на дуелот против вториот тим на Веспрем и мораше да го напушти теренот. Прегледите покажаа скинати предни вкрстени лигаменти, како и штетување на страничните вкрстени лигаменти и на ‘рскавицата. Наодите велат дека проблемот мора да се реши со оперативен зафат што значи дека Манасков го очекува долга пауза.

Ова е лоша вест и за Веспрем и за репрезентацијата на Македонија. Веспрем останува без клучен играч, кој играше важна улога за екипата особено во нападот, додека за Македонија тој е прв избор на позиција лево крило. Операцијата и паузата значат дека Манасков нема да може да настапи на Европското првенство во јануари.

Засега нема информација каде и кога ќе биде извршена операцијата. Исто така уште не може да се дадат точни детали за тоа колку Манасков ќе мора да паузира.