Линц на македонски погон до победа над Барнбах

Тимот на Линц, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Горан Крстевски, забележа победа во австрискиот шампионат.

На домашен терен, Линц славеше над составот на Барнбах со 31-27, во натпревар од 14 коло во регуларниот дел од сезоната.

Најзаслужни за победата се Костески и Крстевски, кои постигнаа по пет погодоци. Линц се уште има шанси за место во плеј-офот, а за играње му остануваат уште четири меча.