Лимбург стана шампион во БЕНЕ лигата

Панданот на регионалната СЕХА лига во земјите од Бенелукс, го доби шампионот за оваа сезона.

Во натпреварот за трофејот играа холандскиот Лимбург и белгискиот Бохолт. Клубот од земјата на „лалињата“ на крајот славеш со резултат 29:22.

Натпреварот беше решен со подобрата игра на Лимбург во вториот дел, првото полувреме беше изедначено (13:12).

Лимбург последен пат овој турнир го освои во сезоната 2014/2015, од друга страна Бохолт се радуваше четири пати.