Лига на шампиони: ЦСКА Москва ја освои Подгорица, Ристовска подобра од поранешните колешки

Сара Ристовска со тимот на ЦСКА Москва се враќа со два бода од гостувањето во Црна Гора кај Будуќност и тоа против многу посилен тим отколку што беше случај при гостувањето на Будуќност кај Подравка. ЦСКА победи со 25:22 во натпревар во кој во второто полувреме беше во постојана предност од неколку гола.

Ристовска беше во составот, но немаше простор за игра и остана без голови. Сепак, тимот од Русија успеа да дојде до триумф со што со три бода котира високо во Групата Б.

Денеска имаше мало изненадување во Русија каде што Ростов Дон се лизна против Крим Меркатор и остана со само еден поен така што според сè што се случува ова ќе биде интересна сезона во женската лига на шампиони.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

РОСТОВ ДОН – КРИМ МЕРКАТОР           23:23 (12:14)

Вјахирева 10, Сен 5, Манагарова 4 – Да Силва Виеира 9, Ван Креј 5, Љепоја 4

КРИСТИЈАНСАНД – ФТЦ РАИЛ КАРГО одложено

НЕДЕЛА, 20 СЕПТЕМВРИ

14:00ч

ЕСБЈЕРГ – ЧСМ БУКУРЕШТ

МЕЦ – БИТИГХАЈМ

ТАБЕЛА: 1. Ростов Дон 3 бода (49:48); 2. Есбјерг 2 (33:26); 3. ЧСМ Букурешт 2 (31:26)…

ГРУПА Б

ЃЕР – ПОДРАВКА             43:28 (17:16)

Офтедал 8, Хансен 7 , Кристијансен 7 – Милосављевиќ 8, Карлос 8, Цакалу 5

РАМНИЦУ ВЛЧЕА – ОДЕНЗЕ      21:30 (10:13)

Фернандез 6, Елгауи 5, Норгард 4 – Киндбол 8, Абинг 5, Да Силва 4

БУДУЌНОСТ – ЦСКА МОСКВА   22:25 (13:13)

Маслова 6, Пино 3, Лекиќ 3 – Горшкова  5, Ведекина 5, Дмитриева 5…

НЕДЕЛА, 20 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – БРЕСТ

ТАБЕЛА: 1. Одензе 4 бода (62:48); 2. Ѓер 3 (70:55); 3. ЦСКА Москва 3 (52:49)…