Лига на Европа: Мораеш со Бенфика си обезбеди втора рунда

Поранешниот вардарец Рожерио Мораеш успеа да обезбеди место во втората рунда во Лигата на Европа откако денеска дојде до победа од 29:18 на реваншот против Криенс така што немаше проблеми за да се дојде до вториот круг.

Место понтаму обезбедија уште неколку екипи, а обезбеди уште еден поранешен играч на Вардар, Жоан Канељас кој со Кадетен се избори за убедлив триумф над Бенфика така што немаше никаков проблем за да се дојде до пласман понатаму.

Утре ќе биде комплетиран списокот на тимови кои одат понатаму во натпреварувањето бидејќи се играат уште четири реванши.

Инаку, денеска претставникот на Македонија, Пролет дојде до победа од 29:27 кај Гранољерс, но тоа не беше доволно за пласман понатаму.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 1. КОЛО

РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ

Иштад Иф – БЈЕРИНГБРО            25:27 (11:14)

ГОГ – Целје       36:25 (18:14)

БЕНФИКА – Криенс        29:18 (14:8)

ГРАНОЉЕРС – Пролет  27:29 (14:12)

ТУЛУЗ – Алпла Хард      39:32 (18:15)

ВАЛУР – Пореч                22:21 (7:12)

ЛА РИОХА – Аква Сантас            34:28 (17:14)

Сесвете – АЗОТИ ПУЛАВИ         25:37 (11:20)

КАДЕТЕН – Војводина  34:23 (17:9)

ПРЕТХОДНО КОМПЛЕТИРАНИ ДУЕЛИ

НЕКСЕ – Тарнов               32:28 (16:12)

ЦСКА МОСКВА – Макаби Ле Зион         29:23 (16:12)

Спор Тото – РАЈН НЕКАР             22:42 (11:23)