„Лигата на шампионите е најпрестижна, но ниту во Лигата на Европа нема да биде досадно“

Европската ракометна федерација ги одреди патниците во групната фаза од Лигата на шампионите, а меѓу нив не е полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Претседателот на Висла, Роберт Чвартек, вели дека и во второто по ранг наптреварување, Лигата на Европа, ќе има интересни натпревари.

„Ќе има интересни натпревари, на високо ниво. Ако зборуваме за престиж, секако дека Лигата на Европа не може да се споредува со Лигата на шампионите. Но објективно, клубовите од Германија, Франција, Данска, Шпанија – сите најсилни шампионати во Европа ќе играат во ЛЕ. Сигурен сум дека од спортска гледна точка Лигата на Европа нема да биде досадна. Наша главна цел ќе биде да ја минеме групата“, вели Чвартек за „Спортове Факти“.

Пријавувањето за Лига на Европа ќе биде до 14 јули, ЕХФ ќе ги објави учесниците на 21 јули, а ждрепката ќе биде на 28 јули.