Лејно: Си заминувам без жалење, продолжувам како тренер

Екс голманката на Вардар, Амандин Лејно, заедно со екипата на Ѓер го освоија третото место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Ѓер во натпреварот за бронзата беше подобар од незгодниот тим на Есбјерг со 28:27.

Иако унгарскиот гигант во еден дел имаше девет гола разлика, сепак, Есбјерг не се предаваше и на крајот се избори за неизвесен финиш, кој заврши со среќен крај за Лејно и колешките.

Франзуцинката повеќе минутажа доби на првиот полуфинален дуел против Вајперс Кристијансад, додека денес играше малку, и од од пет упатени удари успеа да запише само една интервенција.

За потсетување, искусната Лејно се врати во вториот дел од полусезоната како замена за Силје Солберг, која мораше да оди на пауза поради бременост.

,,Никој не можеше да замисли дека крајот ќе биде толку неизвесен, но бев сигурна дека Есбјерг нема да се предаде, даваше се од себе на крајот. Ќе се сеќавам дека се е можно во спортот, дури и по паузата од девет месеци, враќањето на теренот беше неверојатно. Спортот останува фантастичен, со неверојатни емоции. Навистина си заминувам без жалење. Едноставно, се забавував… Ќе се вратам во Франција и ова лето ќе ја продолжам својата улога како тренер на голманите во француската селекција”, изјави Лејно.

Ѓер од готово си направи вересија, но ја доби драмата со Есбјерг