Лесјак ја има најдобрата одбрана во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ ги одбра најдобрите погодоци и одбрани по завршувањето на натпреварите од првото коло во Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер тргна со пораз, а голманите Урбан Лесјак и Марко Кизиќ имаа солидни остварувања.

Една од одбраните на Лесјак доби место во ТОП 5 изборот на најдобрите одбрани по првото коло. Одбраната на колото на Лесјак може да ја видите на ТУКА

Битолчани загубија од данскиот Архус со 30-27, а во второто коло патуваат на гостински терен кај португалскиот Агуаш Санташ.