Лембанов и Бочкароски ќе ги селектираат новите репрезентации

Алексо Лембанов и Миле Бочкароски треба да бидат одгорни за новите репрезентации на ракометари родени 2006 и помлади кои наскоро треба да се формираат. И двајцата тренери вчера се појавија на собирот на сениорскиот тим, заедно со проширениот стручен штаб на кој се ковал план за натамошното селекторање на млади играчи.

Тие двајцата треба да раководат со селектрањето и водењето на двете нови репрезентации за кои се зборуваше. Едната на играчи родени 2006 и помлади, а другата на родени 2008 и помлади. Откако ќе почне првенството за тие категории ќе почне и „скаутингот“ на играчи.

На собирот во неделата во Скопје покрај селекторот Кирил Лазаров се појавија и неговите помошници Бранислав Ангеловски, Билјан Црвенковска, Аце Јоноски, Иле Соколески, и тренерот на кадетите Радослав Стојановиќ и неговиот помошник Наум Танески. Како „новаци“ првпат на собир доаѓаат и Алексо Лембанов и Миле Бочкароски.

Лембанов е тренер на Пролет, и важи за еден од најперспективните млади тренери во Македонија кој сега првпат доби и целосна клупска поддршка, и сезонава со постигнатите резултати тоа го оправда. Бочкароски е тренер (а по потреба и игра) за екипата на прволигашот Металург РА.