Легендарниот Французин ја напушти Европа, Јапонија е новата дестинација

Ветеранот од Франција, Лук Абало кој размислуваше да ја заврши кариерата во последен момент одлучи да замине надвор од Европа и кариерата да ја продолжи во Јапонија. Негов нов клуб ќе биде Зикстар од Токио.

Новиот клуб го најави трансферот на Абало, а тој ќе биде огромно засилување за овој тим. Абало доаѓа од редовите на Елверум, тимот со кој составот на Вардар ја отвори новата сезона.

Лук Абало дојде во Елверум на почетокот на минатата сезона откако остана без ангажман после неколку сезони во тимот на ПСЖ. Откако во ПСЖ одлучија да не го продолжат договорот тој ја прифати понудата на Елверум. Сепак, договорот му беше на една година така што после тоа размислуваше за нов клуб.

Во еден момент беше поврзан и со тимот на Еурофарм Пелистер, но тоа беа само гласини, па сега има официјална потврда и тој дефинитивно ја напушта Европа.

За неговите бројки во кариерата и титули и не треба посебно да се зборува. Досега има по три титули на сите големи натпреврувања. По трипати беше на највисокото место на тронот на Европските првенства, Светските првенства и Олимписките игри.

Во својата кариера покрај за Елверум и ПСЖ играше и за тимовите на Иври и Сиудад Реал.