Легендарен македонски репрезентативец ќе биде директор на Агенцијата за млади и спорт

Некогашниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт.

Стружанецот седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во македонското Собрание и не може во исто време да извршува две функции.

Мојсовски беше член на генерацијата што во 2012 го освои петтото место на ЕП во Србија, а настапуваше за Струга, Југ, Пелистер, Вардар и Металург.

На интернационална сцена ги носеше дресовите на катарската Лехвија, шпанската Ла Риоха и романскиот ЧСМ Букурешт.

За националниот тим на Македонија одигра повеќе од 100 натпревари.