Средниот бек Ѓурческа останува верна на македонскиот вицепрвак

Македонскиот вицепрвак Куманово полека го формира играчкиот ростер за новата сезона во која го очекуваат настапи на домашна и на меѓународна сцена.

Средниот бек Климентина Ѓурческа остана верна на Куманово и го продолжи договорот на уште една сезона.

18-годишната ракометарка минатата сезона го имаше деби настапот во единствената сениорска конкуренција кај дамите и со својот клуб го освои Купот на Македонија.

Куманово претходно ја продолжи соработката со Сузана Зечевиќ, Габриела Величковска, Симона Грујовска и Сара Богојеска.

Досега беа промовирани три засилувања – Адела Еленин од Деспина, Нена Нестороска од Металург и Јана Ѓошевска од Спартак.

Клубот го напуштија Андреза Алмеида, Тамара Ивановска и Пена Граматова. Трите ракометарки играа голема улога во поранешниот македонски шампион.