Ландин и Клујбер најдобри во октомври според ЕХФ

Експертите од ЕХФ стандардно секој месец ги избираат најдобрите иргачи во машка и женска конкуренција, а за месец октомври немаа никакви дилеми кај кого ќе одат признанијата за најдобри кои завршија кај Ландин и Клујбер.

Ракометарката на Фенренцварош која игра на позицијата десен бек, Кетрин Клујбер беше одбрана за најдобра во месец октомври. Зад неа во конкуренцијата останаа Ана Грос, Грејс Зааиди, Едуарда Аморим и Рике Поулсен.

„Оваа награда ме мотивира да работм уште понапорно. Бев шокирана кога за првпат ја добив наградата во февруари. Воодушевена сум ако придонесувам за клубот, а експертите го препознаваат тоа“, изјави 20 годишната Кетрин Клујбер.

Во машка конкуренција признанието за најдобар играч му припадна на голманот на Кил, Никлас Ландин. Данецот имаше фенеоменални настапи во Лигата на шампионите, а особено на натпреварот против Вардар кога беше несовладлив.

„Секако, горд сум што ја добив оваа награда. Морам да се заблагодарам и на одбраната која многу помага. Без добра одбрана ограничен е квалитетот на изданието на голот, а ние во Кил имаме таква одбрана“, коментираше Ландин.

Ниту за Ландин ниту за Клујбер прогласувањето за најдобри не им е непознато. Двајцата веќе еднаш беа наградени како најдобри оваа година.