Лазаров со специјални патики во Келн – на нив го има македонското знаме (ФОТО)

Кире Лазаров го очекува настапот на завршниот турнир во Келн со францускиот Нант и полуфиналната пресметка со Барселона.

Македонската легенда во „Ланксес Арена“ ќе се појави со специјално дизајнирани патики за овој настан.

Покрај иницијалите, како и неговиот број седум, на патиките стои и македонското знаме.