Лазаров скрати список, 20 кадети во Охрид се подготвуваат за ЕХФ шампионатот

Машката кадетска репрезентација на Македонија во Охрид ги продолжува подготовките за настапот на ЕХФ шампионатот што ќе се игра во Скопје.

Селекторот Кире Лазаров сега има на располагање 20 ракометари. Од претходниот список отпаднаа тројца ракометари. Поради повреда нема да настапи Олег Јорданов, а од списокот отпаднаа и десниот бек Симон Мирчевски и десното крило Александар Петковски.

На десната бековска позиција Лазаров ги има Мартин Димовски, Михаил Иваноски и Давид Савревски, додека десната крилна позиција ќе ја покриваат Ѓорѓи Ташев и Хари Павлов.

Кадетите ќе одиграат четири пријателски средби. Денеска и утре против Италија, а на 25 и 26 јули ќе се сретнат со Црна Гора.

Македонија е во групата А заедно со Полска и Грција, и ќе одигра вкупно четири натпревари на ЕХФ шампионатот во СЦ „Борис Трајковски“ од 9 до 15 август.