Лазаров, Ристовски, Митревски со поддршка: Загреб, издржи…(ФОТО)

Утринава хрватскиот главен град Загреб нешто после 06:00 часот, го погоди земјотрес  со јачина од 5,5 степени по Рихтер со епицентар кај Маркушевац и Кучерје.

После тој земјотрес, имаше два посилни кои се почувствуваа многу силно во Загреб и околината, еден со магнитуда 5 и еден со магнитуда 3.7.

Граѓаните на Македонија преку своите социјални мрежи испратија поддршка до Загреб, а на социјалните мрежи се огласија и дел од нашите ракометни репрезентативци.

Најпрво со порака се огласи капитенот Кире Лазаров, кој во својата кариера настапуваше во два наврати за Загреб, а потоа поддршка дадоа Борко Ристовски и Никола Митревски.