Лазаров објави поширок список – еве кои 35 ракометари се во конкуренција за Луксембург и Турција

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари пред последните два меча од квалификациите за ЕП 2024 година.

На списокот нема изненадувања, и главно тоа се ракометари кои и претходно беа во конкуренција за настапите во нациоанлниот тим.

На списокот се наоѓа десното крило Гоце Георгиевски, кој треба да ги одигра последните натпревари во репрезентативниот дрес.

Го нема Дејан Манасков, исто како и претходниот пат, а Лазаров го стави на списокот Талески, кој исто така не беше во комбинација претходниот пат.

Македонија на 27 април гостува кај Луксембург, додека на 30 април ќе ја пречека Турција во последното коло од квалификациите.