Лазаров и Нант обезбедија место во полуфиналето на францускиот Лига Куп

Тимот на Нант, каде што настапува нашиот капитен Кире Лазаров, обезбеди место во полуфиналето на Лига Купот на Франција.

Нант славеше со 20-22 на гостувањето кај Данкерк, иако на полувремето имаше негатива од пет голови, 14-9.

Лазаров беше стрелец на три гола од пет обиди, а полуфинален противник ќе им биде Тулуз, Шамбери или победникот од дуелот меѓу ПСЖ или Монпелје.