Лазаров и Нант запишаа триумф над Шарт

Тимот на Нант, каде што настапува македонскиот репрезентативен капитен и селектор Кире Лазаров, славеше триумф во француското првенство.

Нант го победи составот на Шарт со 33-28, а триумфот беше обезбеден уште по првото полувреме, кога домашниот тим имаше плус шест, 20-14.

Лазаров немаше голема минутажа и успеа да постигне еден гол од петте обиди.

Нант првенството ќе го заврши на третото место, иако има за играње уште еден натпревар до крајот на домашен терен против Монпелје.