Лазаров: Израел нè изненади, имаме уште време за да ги поправиме грешките

Репрезентацијата на Македонија дојде до победа против Израел од 31:28 на првата од двете контроли, а ова е добра најава за насапот на Европското првенство бидејќи атмосферата е одлична и очекувањата се формата да биде на потребното ниво.

После денешната средба селекторот Лазаров имаше свое видување за она што се случуваше на теренот.

„Го анализиравме Израел, но ме изненади. Едно е на видео, а друго е во живо на терен. Израел игра квалитетен ракомет. Можеби не е наш ешалон, од прва класа и за на Европско првенство, но дефинитивно е близу до ова. Покажаа дека имаат систем и квалитетни играчи, голем број на бекови, кои во секој момент можат да влезат и да играат. Тоа го знаевме. Ние втор ден сме комплетни, а имавме и добри и лоши страни во играта. Добро е што победивме, резултатот е позитивен. Имаме доста време за да ги поправиме работите. Играчите кои дојдоа да се приклучат. Имаме уште 7-8 дена да тренираме комплетни и да ги поправиме недостатоците“, изјави Лазаров.

Втората средба се игра утре исто така во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот.