Лазаров: Знам и да запеам во кафеана, никој не може да одолее на македонската музика и храна

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, времето во карантин го поминува во францускиот град Нант.

Борбата против коронавирусот продолжува, а како и сите, така и Лазаров, најголем дел од времето поминува дома.

Тој откри дека понекогаш знае и да се опушти во кафеана и дека кога се враќа од Македонија, секогаш е со некој килограм повеќе.

„Повремено знам да се опуштам во кафеана. Тоа што го има во Македонијда го нема никаде во светот. Никој не може да одолее на нашата музика и храна, било кој странец да дојде нема да помине без тоа. Кога се враќам од Македонија секогаш сум со неколку килограми повеќе, па веднаш се ставам на режим. Во добро друштво, знам и да запеам во кафеана. Ми се допаѓаат нашите народни песни. Знам да се опуштам и да уживам, без разлика што тоа не е дозволено за професионални спортисти. Меѓутоа еднаш до два пати годишно, без разлика што не е спортски, ги полнам батериите за да продолжам понатаму“, низ смеа изјави Лазаров.

Француското првенство е во прекин, па Лазаров нема обврски кон Нант, и најверојатно наскоро ќе биде означен крај, па капитенот ќе може да се насочи само кон националниот тим и баражот за Мундијалот во Египет.