Лазаров двапати во мрежата на Истр, Нант очекувано со лесна победа

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров се врати на терените во дресот на Нант и даде свој придонес во победата над Истр од 38:27.

Составот на Нант очекувано се избори за победа, која беше многу повисока од она што можеше да се очекува на оваа пресметка, но и домашните беа далеку подобри на теренот.

Лазаров реализираше двапати од четири удари, а на оваа средба седмерците ги изведуваше Валерo Ривера, па немаше можност и за некој погодок од пенал.

Инаку, најефикасниот во редовите на Нант беше Ривера со девет гола, додека Фигерас имаше шест. Со овие два бода тимот на Нант останува во топ 5, но има дури девет бода заостанување и помалку од лидерот ПСЖ.