Лазаров го суреди Монпелје, па доби место во тимот на колото во Франција (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, игра во одлична форма во финишот на оваа година.

Тој беше клучна фигура за триумфот на Нант на гости кај Монпелје и постигна погодоци во решавачките моменти.

Десниот бек заедно со голманот Емил Нилсен и дефанзивецот Драган Печмалбек се најде заслужено во идеалниот тим на 13 коло од францускиот шампионат.