Лазаров го суреди Арендал, Нант е во групите од ЕХФ Купот

Тимот на Нант, каде што игра македонскиот репрезентативен капитен Кире Лазаров, 0дигра нерешено 30-30 кај норвешкиот Арендал во третото квалификациско коло од ЕХФ Купот, но и тоа беше доволно за место во групната фаза.

По првиот меч во Франција, кој Нант го доби со еден гол разлика, и во Норвешка се играше неизвесно прво полувреме, па на пауза се замина со нерешени, 16-16.

Сепак во  вториот дел на сцена стапи нашиот капитен, кој со неколку гола во серија му донесе предност од четири голови на Нант, 22-26. До крајот домаќинот успеа да израмни, но тоа не беше доволно за место во групите.

Лазаров беше најдобар на теренот и успеа да постигне седум голови. Нант, заедно со Бенфика на Ристовски и Магдебирг на Кузмановски ќе игра во групната фаза од ЕХФ Купот, а ривалите ќе ги дознае в четврток.