Лазаров: Барса го игра најдобриот ракомет, ама Ф4 е друг свет

Легендарниот Кире Лазаров го започнува настапот на седмиот завршен турнир во Лигата на шампионите во неговата богата кариера.

Францускиот Нант ќе се соочи во полуфиналниот двобој со Барселона, а тоа е единствениот тим со кој Лазаров ја освоил европскаа шампионска титула.

„Ова е предизвик за мене и за сите во Нант, да играме со Барса. Кога сте во Келн и сакате да ја освоите ЛШ, тогаш подобро е да ја имате Барса за ривал во полуфиналет. Потешко е да го победите тој тим во финале. Ние сме подготвени. Знаеме дека Барса го игра најдобриот ракомет во последните две сезони, но исто така знаеме и дека Ф4 во Келн е друг свет, друга приказна. Ќе се обидеме да направиме изненадување“, изјави Лазаров.

Мечот меѓу Барса и Нант се игра вечерва во „Ланксес Арена“ со почеток во 18:00 часот.