„Лавовите“ ќе ги води тренерот што ја освои Лигата на шампионите со Хамбург

Раководството на Рајн Некар Левен не чекаше премногу време откако му врачи отказ на досегашниот стратег Кристјан Андерсон и ангажираше познато име за нов предводник.

Станува збор за Мартин Швалб, кој ќе ги води „лавовите“ на утрешниот натпревар против Либербанк Куенка во рамките на ЕХФ Купот.

Швалб ја почна тренерска кариера во 1998 година во тимот на Валау Манхајм и ги промовираше Паскал Хенс и Доминик Клајн како играчи за високи дострели.

Потоа беше дел од најголемите успеси на Хамбург. Во времето кога овој тим ја освои Лигата на шампионите, Швалб ги тренираше Домагој Дувњак, Жоан Кањелас, Ханс Линдберг…