„Лавовите“ изгубија трпение – тренерот доби шут карта!

Управата на еден од најпознатите клубови од Германија, Рајн Некар Левен му врачи отказ на тенерот Кристјан Андерсон по серијата лоши резултати. Рајн Некар одамна не играл послабо и покрај тоа што имаат врвни играчи резултатите се под очекувањата.

Капката која ја прели чашата беше ремито против Лемго во четвртокот кога Рајн Некар во својата САП арена одигра само 29:29 иако беше голем фаворит. Во наредниот период додека да најдат друго решение за тренерската позиција тимот ќе го предводи спортскиот директор Оливер Рогиш.

По тренерската смена се огласи директорката на Рајн Некар, Џенифер Кетеман која рече дека и е жал заради оваа одлука, но смета дека е вистинска одлука во овој момент.

„По направените анализи во досегашниот дел од сезоната и лошиот развој на настаните заедно со одборот одлучивме да се разделиме со Кристјан Андерсон. Жал ни е заради ваквиот чекор, но сметаме дека беше неопходно за што поуспешно да ја завршиме сезонава“, изјави Кетеман.

Андерсон го презема тимот на почетокот на сезоната кога потпиша договор на три години и го замени Николај Јакобсен. Откако во последниот период бележат слаби резултати паднаа на шестата позиција на табелата.