Куп на Македонија: 31 екипа на 23 натпревари во три дена ќе се борат за Ф4

Денеска во Македонија ќе започнат осминафиналните натпревари од Купот во машка и женска конкуренција, а бранители на трофеите од ланските финалиња во Кавадарци се Вардар кај мажите и Металург кај жените.

Први на теренот ќе излезат екипите на Пролет и Голден Арт во натпревар од втората група. На денешната програма кај дамите има два натпревари, од кои едниот ќе биде во Прилеп каде Деспина силите ќе ги одмери со младиот тим на Кузман Вардар. Во осминафиналето од четвртата група кај дамите ќе играат Пелистер и Гевгелија. Битолскиот тим е голем фаворит на овој дуел, па се очекува во неделното финале да игра со Куманово, кој ја прескокнува првата пречка.

Кај мажите, се очекуваат интересни средби меѓу Вардар и Охрид, како и меѓу Бутел и Алкалоид, а бидејќи куп дуелите секогаш носат неизвесност, се очекува да биде така и на другите натпреевари. Кај дамите, Ѓорче Петров и Чаир ќе играат во реприза од ланското полуфинале и тука се очекуваат големи возбудувања.

Победниците на сите групи кај мажите и кај жените ќе се пласираат на завршниот турнир што ќе се одржи од 13 до 15 мај.

Куп на Македонија, мажи, осминафинале:

Група 1
18/3, 17:00, Вардар – Охрид
18/3, 19:00, Јуниор КВ – Скопје
19/3, 17:00, финале

Група 2
18/3, 13:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер 2
17/3, 18:30, Голден Арт – Пролет
18/3, 19:00, финале

Група 3
18/3, 18:00, Бутел – Алкалоид
18/3, 15:00, Вардар Неготино – Прилеп
19/3, 18:00, финале

Група 4
18/3, 14:30, Струга – Тиквеш
18/3, 12:30, Куманово – Еурофарм Пелистер
18/3, 20:00, финале

Куп на Македонија, жени, осминафинале:

Група 1
18/3, 16:30, Скопје – Спартак
18/3, 19:30, Ѓорче Петров – Чаир
19/3, 17:00, финале

Група 2
18/3, 16:00, Вардар – Шампион
17/3, 19:15, Деспина – Кузман Вардар
19/3, финале

Група 3
18/3, 14:30, Стружанка – Астибо
18/3, 19:00, Овче Поле СУ – Металург
19/3, финале

Група 4
17/3, 20:00, Пелистер – Гевгелија
19/3, 17:00, финале