Во првата рунда од Купот на Македонија во која суперлигашите играа против прволигашите на сите 16 дуели победија составите кои се дел од поквалитетната лига.
Со вчерашното комплетирање на средбите стана познато кои тимови обезбедија пласман во осминафиналето, односно кои тимови одат во четирите групи кои ќе ги дадат составите што ќе играат на завршниот турнир.
Дел од прволигашите се покажаа во одлично издание, дел парираа едно полувреме, а поголемиот дел капитулираа на натпреварите уште во воведниот дел.
Иако екипите на Аеродром и Голден Арт 2 не успеаја да приредат сензација и загубија минимално, сепак, оставија убав впечаток и покажаа дека можат да се борат против поквалитетни тимови.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
Радовиш – Преспа 34-21
Младост Богданци – Охрид 20-41
Струга – Македонија ЃП 41-32
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион 41-12
Скопје – Бисинов 47-17
Куманово – Голден Арт 2 24:21
Трофејот во Купот на Македонија го брани Вардар, кој лани славеше против Еурофарм Пелистер во драматично финале во Кавадарци.