Куп на Македонија: Вардар стартува против Текстилец, Еурофарм Пелистер ќе игра со Вардар Неготино

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за елиминациското коло од Купот на Македонија.

Оваа сезона во Суперлигата и во Првата лига играат 32 екипи, кои беа дел од полудиригираната ждрепка, па во елиминациите ќе играат суперлигаши против прволигаши во само еден натпревар.

Термините за овие натпревари се 24 или 25 февруари, но екипите што играат во европските купови веројатно ќе играат во друг термин.

Четвртфиналните групи ќе се играат како и досега, со по четири екипи, а најдобрите од групите обезбедуваат место на завршниот турнир. Четвртфиалето ќе се игра на 31 март и 1 април, додека Ф4 ќе биде од 21 до 23 мај.

Последниот Куп трофеј во 2019 година, го освои тимот на Металург по триумфот над Вардар на пенали, а лани не се одигра ова натпреварување поради коронавирусот.

Куп на Македонија, прво коло:

Прилеп – Аеродром
Јуниор КВ -Драчево
Делчево – Охрид
Риниа М – Работнички
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино
Еурофарм Пелистер 2 – Јехона
Пролет – Борец 
Преспа – Струга
Младост Богданци – Скопје
Металург РА – Радовиш
Куманово – Металург
Вардар – Текстилец
Партизан Гевгелија – Голден Арт КЛ7
Астраион – Македонија ЃП
Шампион – Тиквеш
Кичево – Бутел Скопје