Куманово на силен турнир – ќе игра со Келце, ЕРД, Штокерау…

Македонскиот шампион Куманово нема да игра на европска сцена во Лигата на Европа, но ќе има силни контроли пред стартот на новата сезона.

Кумановки ќе бидат дел од силен турнир во Чешка од 10 до 15 август, во организација на тимот Ходонин.

Освен домаќинот и Куманово, ќе играат и унгарскиот ЕРД, австрискиот Штокерау, чешките Славија Прага и Сокол Поруба, како и полскиот Корона Келце.

Македонскиот тим на првиот ден од турнирот ќе се соочи со Ходонин од 17:30 часот, додека на последниот ден ќе игра со унгарскиот ЕРД.