Куманово доби тежок ривал во ЕХФ Купот – Галичанка Лвов стои на патот до осминафиналето

Ракометарките на Куманово го добија противникот со кој ќе се соочат во третото коло од Купот на ЕХФ.

Станува збор за Галичанка Лвов, кој поради слабиот рејтинг на украинскиот женски ракомет игра во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Галичанка има богата европска историја и досега дури 20 сезони била дел од европските купови.

Иако имаат само домашен играчки кадар и највозрасната ракометарка има 24 години, сепак овој тим треба да се сфати сериозно и јасно е дека избраничките на Ненад Краљевски нема да имаат лесна задача.

Првиот натпревар се игра на 14 или 15 ноември во Украина, додека реваншот ќе биде на 21 или 22 ноември во Македонија.