Куманово во прв шешир, може да го одмазди Чаир

Тимот на Куманово, кој по елиминацијата на Чаир, остана единствен женски претставник во Европа на Македонија, ги дозна можните ривалите во ЕХФ Купот.

ЕХФ го смести Куманово во првиот шешир од Зона 2, а има осум екипи што можат да му се паднат во утрешната ждрепка.

Меѓу нив и српскиот тим Наиса Ниш, кој со две победи го елиминира составот на Чаир. Тука се двете турски екипи Муратпаша и Измир, украинскиот првак Галичанка, хрватскиот Бјеловар, косовскиот Истогу, црногорскиот Рудар и тимот од Малта – Кавалеири.

Најлесни ривали би биле Истогу и Кавалеири, а би било убаво ако се избегнат Наиса и Бјеловар.

Ждрепката за третото коло во ЕХФ Купот ќе се одржи во 11:00 часот.