Кузман Вардар играше цел меч без голман и убедливо загуби од Спартак

Ракометарките на Спартак славеа на гостувањето кај Кузман Вардар со 25:33 во 12. коло од плеј-аутот во Женската лига. На овој натпревар домашниот тим играше без голман, а на голот со маркер беа ракометарки од поле.

Во првиот дел Кузман Вардар успеваше да се одржи во резултатска израмнетост и покрај тоа што немаше голман. После 30 минути Спартак имаше само гол позитива од 12:13.

Сепак во продолжението Спартак брзо го скрши отпорот на противникот и без проблеми го водеше натпреварот кон победа. До крај на мечот рутински стигнаа до убедлива победа.

Најефикасна во тимот на Кузман Вардар беше Анастасија Ѓорѓиева со девет гола, додека шест постигна Елеонора Додевска. Радевска Антонија беше најефикасна за Спартак со осум погодоци, седум постигна Ангела Гроздановска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2СКОПЈЕ1061319
3ДЕСПИНА960318
4АСТИБО951316
5ГЕВГЕЛИЈА1050515
6СПАРТАК92167