Кузманоски: Верувам во победа против Мешков Брест

Екипата на Еурофарм Пелистер утре на свој терен ќе го одигра четвртфиналниот дуел против Мешков Брест во СЕХА лигата. Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Задар и во полуфиналето ќе игра против унгарскиот гигант Веспрем.

Младиот ракометар на „фармацевтите“, Цветан Кузманоски истакна дека се надева на триумф против незгодниот шампион на Белорусија.

,,Минавме тешки припреми во Маврово. Таму бевме една недела и напорно трениравме. Следеше турнирот во Струга, каде игравме добри натпревари со квалитетни екипи. Тие натпреварите ни послужија за воигрување на екипата и подготвени го чекаме утрешниот натпревар. Исто така нестрпливи се и нашите навивачи и битолската јавност. Се надевам дека салата ќе биде исполнета и верувам во победа”, изјави Кузманоски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест што носи место на Ф4 во СЕХА, ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.

Костески: Со полна сала можеме до Ф4 во СЕХА лигата!