Кузмановски освои прв трофеј со Хановер

Филип Кузмановски го освои првиот трофеј со новиот клуб, откако Хановер славеше во финалето на турнирот во Вилхемсхафенер.

Во полуфиналниот двобој против домаќинот, Хановер немаше проблеми и победи убедливо со 33-24.

Во финалето, против тимот на Лемго, немаше победник во регуларниот дел, 26-26, па мораше да се изведуваат удари од седум метри.

Хановер и Кузмановски беа подобри во пенал рулетот и го завршија мечот со победа 34-32 и со трофеј на турнирот.

Првото коло од Бундес лигата ќе се игра на 1 октомври, а ривал на Хановер ќе биде тимот на Минден.