Кузмановски: Многу ми се допаѓа во Хановер

Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски во новата сезона ќе го носи дресот на екипата на Хановер. Тој ќе настапува и во новиот шампионат во Бундес лигата така што ќе има што да покаже на теренот.

Тој доаѓа од Магдебург, а се очекува во новиот клуб да добие далеку повеќе минутажа.

„Многу ми се допаѓа во Хановер. Првите денови беа возбудливи и сега сум среќен што сум тука и со нетрпение чекам да почнеме со игра. Среќен сум што ќе можам да постигнувам голови за Хановер“, коментира Кузмановски за германските медиуми.

Од клубот велат дека се задоволни од подготвеноста на ракометарите иако тие имале долга пауза и дека се задоволни како работеле додека не можеше да тренират заедно.

„Процесот на навикнување на топката ќе трае многу долго отколку што е вообичаено. Може да се види дека момчињата работеа одлично дури и додека траеше паузата поради коронавирусот. Затоа сè изгледа одлично во моментов“, велат од клубот.

Хановер во новата сезона нема да игра во Лигата на Европа, но ќе има што да покаже во Бундес лигата.