Кузмановски и Пешевски обезбедија осминафинале во Купот на Германија

Македонските интернационалци Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со своите екипи Штутгарт и Хановер имаа успешна вечер и остварија гостински победи во 1/16 финалето од Купот на Германија.

Хановер гостуваше кај нисколигашот Лангенфилд и славеше лесна и убедлива победа со 19:42. Кузмановски и соиграчите беа супериорни во текот на целиот натпревар и уште на полувреме имаа убедливи 8:20. До крај на дуелот само ја потврдија победата. Филип Кузмановски имаше солидно издание на овој натпервар, постигна четири гола од шест обиди.

Штутгарт имаше повеќе проблеми да обезбеди пласман во следната рунда против екипата од Втората Бундес лига – Римпар, но сепак на крајот славеше убедлив триумф од 26:34. Домашниот тим беше конкурентен во првиот дел и имаше предност од 15:14.

Во второто полувреме Штутгарт ја оправда фаворитската улога и со пресврт стигна до триумф. Жарко Пешевски беше стрелец на два погодоци за неговиот тим со едно промашување. Со овие победи Хановер и Штутгарт обезбедија пласман во осминафиналето во Купот на Германија.