Кузмановски и Пешевски „братски“ – си поделија по бод

Вечерва во Бундес лигата имаше македонски двобој, а играа екипите на Хановер и Штугарт каде што настапуваат Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

Мечот заврши нерешено, 23-23. Гостите отворија одлично, водека со 1-5 и 3-7, но на крајот на првото полувреме имаа негатива од три погодоци, 14-11.

Во второто полувреме домашните ракометари имаа и плус четири, 19-15 на петнаесетина минути до крајот, но не издржаа.

Штутгарт успеа да се врати од негативата, и на крајот во последните секунди погоди од пенал за бод од тешкото гостување.

Македонците не беа премогу ефикасни. Кузмановски погоди еднаш од четири обиди, додека, додека Пешевски не го реализира единствениот обид.